Човекот е она што го мисли за себе

„Постојат неколку работи кои никој не може да ги има освен ти: твојот глас, твојот разум, твојата приказна и твојата визија. Поради тоа, запишувај ги, нацртај ги, гради, играј и танцувај со нив – и живеј онака како што само ти можеш.“ – Нил Гејман

Кога би можеле да влеземе во главата на минувачите и кога би можеле да се видиме себеси низ нивните очи, би добиле многу одговори на сите прашања кои толку нѐ мачат. Ние можеме да го замислиме тоа, но сер Франсис Галтон направил цел експеримент на оваа тема и бил прилично изненаден од резултатите. Со вас ќе ги споделиме неговите заклучоци.

Еден ден, сер Франсис Галтон одлучил да направи еден сосема необичен експеримент. Пред да отиде во својата дневна прошетка низ улиците на Лондон, тој си рекол: „Јас сум одвратен човек и цела Англија ме мрази“. Се фокусирал на оваа изјава неколку минути, а потоа отишол во прошетка, како и обично. Но, ништо не било како вообичаено. Минувачите имале непријателски став кон него. Многу луѓе едноставно го заобиколувале, а неколку пати и му довикувале недолични зборови. Се чинело дека дури и животните биле непријателски расположени кон него. На крај веднаш решил да се врати дома. 

Оваа приказна ја има и во многу психолошки книги. Тука не се работи само за материјализација на мислите. Кога Галтон бил концентриран на своите опасни изјави, тој почнал да се однесува согласно на своите мисли. Неговите манири и израз на лицето се промениле и тој на сите им ставил до знаење каков став заслужува.  

Има два важни заклучоци кои можат да се извлечат од оваа приказна:

  • Човекот е она што го мисли за себе. Променете ги своите мисли и тогаш ќе се промените себеси и ставот на другите кон вас ќе се промени.

  • Не е потребно да им зборувате на другите за вашата самоевалуација и емоционална состојба. Тие тоа ќе го почувствуваат во секој случај. 

Верувајте во себе и ќе успеете!