Човекот е гостинска куќа, секој ден има по некој гостин...

Човекот е гостинска куќа.
Секое утро некој доаѓа.
Радост, депресија, злоба,
некоја минлива состојба, доаѓаат
како неочекувани гости.
Угостете ги добро!
Дури и наталожената тага
која прокапува низ куќата
и го уништува целиот мебел,
сепак посакај ѝ добре дојде,
како да е почесен гостин.
Можеби те исчистила и подготвила
за нова гозба.
Црната мисла, срам и пакоста...
со насмевка на лицето, дочекај ги
сите на својот праг со насмевка на лицето
и покани ги да влезат.
Биди благодарен
за секоја посета,
затоа што секој гостин
е твојот водач од другата страна. 

~ Руми