Човек за сè: Османи помага во процесот на издавање пасоши за нашите граѓани во Германија

Османи во Германија донел дополнителна станица за фотографирање.

Во својата објава на Фејсбук, министерот за надворешни работи, Бујар Османи информираше дека тој е прв министер за надворешни работи, кој некогаш ја посетил најпрометната конзуларна единица на нашата држава, а донел и дополнителна станица за фотографирање и издавање пасоши. На тој начин се обидуваме да помогнеме на граѓаните со два пункта и две смени, дури и за време на викендот, додаде тој. 

Според тамошните информации, Одборот на Централниот совет на Македонците во Германија денеска на вонреден состанок едногласно одлучил да побара итно враќање на човековите права за македонските граѓани и да покрене правна постапка токму поради неважечките пасоши и проблемите со кои се соочуваат во овој процес.