Дали сите пријатели нѝ се вистински или се тоа само посебни сродни души кои ќе ги сретнеме во животот – прочитајте ја мудроста на древните грчки филозофи!
Во младоста најчесто сме опкружени со голем број пријатели, но колку сме поблиску до зрелите години од животот, бројот на луѓето кои навистина ги сметаме за блиски се намалува. Искуството нѐ учи кому вреди да го подариме вниманието, љубовта и времето, а кои луѓе тоа не го заслужуваат. Постои изрека која вели дека вистинските пријатели може да се избројат на прстите на едната рака, а со тоа ќе се сложат и древните грчки филозофи. Прочитајте која е нивната мудрост за пријателството:
„Пријателството е ретка духовна блискост која може да постои само меѓу слични луѓе. Затоа човек во животот може да има само три или четири вистински пријатели. Таквата интимна верност е навистина можна само во потесни граници. Пријателството најпрво е однос на доверба.
Пријателството е света врска меѓу поединците, меѓусебна племенитост кога диктира почитување, посветеност и пожртвуваност, високи стандарди кои ретко ги доживуваме во животот. Но сепак, кога имаме доволно среќа да стекнеме таков однос, нашите животи потполно се менуваат. Кога сѐ ќе поделиме со некој кој станал нашето второ јас, целото наше искуство добива ново значење. Ниедна пара или позиција не може да ја замени радоста која нѝ ја носи пријателството. Ако нема сродна душа, на човекот ќе му недостига енергија и смисла за животот.“