Човек од Стајковци загина во сообраќајна несреќа

40-годишно лице од Стајковци, скопско, трагично го изгуби животот во сообраќајка.

На 13.01.2022 во 18.50 часот било пријавено дека на ул.„Алија Авдовиќ“, Г.А.(40) од с.Стајковци, кој управувал патничко  возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

На местото на несреќата возачот им подлегнал на повредите, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.