Човек кој во срцето носи омраза, нема да види многу среќа во животот...

Среќата не е во материјалните работи, среќата е начин на кој го гледаме светот. Тоа е важно. 

Како што стареев, сѐ повеќе ме исполнуваа ситните задоволства кои животот ми ги давал и сѐ појасно сфаќав каде треба да ги барам вистинските извори на радост и смисла. Среќата не се наоѓа во работите кои можат да се допрат, ниту во оние кои нудат моментално задоволство. 

Научив дека да се биде сакан не значи ништо, а да сакаш е сѐ, дека способноста да чувствуваме е она што дава вредност и убавина на нашето постоење. Така живееме подобар живот. Секогаш кога некаде на земјава ќе се појавело нешто што може да се нарече среќа, тоа секогаш било исткаено од емоции. 

Парите не се ништо, моќта не е ништо. Многумина ги имаат и двете работи, а сепак се несреќни. Убавината не е ништо. Имам гледано многу убави мажи и жени кои биле несреќни и покрај својата убавина. 

Сум гледал болни луѓе полни со волја за живот кои ја негувале до крајот на животот и здрави луѓе кои тонеле во апатија. Но, среќата секогаш била онаму каде што некој знаел да сака и живеел во склад со своите чувства. Важно е да бидеш благодарен на она што го имаш. 

Ако човек ги негува, ако не ги гази и поттиснува чувствата, тие сигурно му донеле задоволства. Убавината не му носи радост на оној кој ја поседува, туку на оној кој знае да ја сака и да ѝ се восхитува.... Ако сакате исполнет живот, исполнете го своето срце со љубов. Човек кој во срцето носи омраза, нема да види многу среќа во животот.