Човечко тело во распаѓање пронајдено во канал на реката Лепенец

Човечко тело во распаѓање било пронајдено вчера во село Бардовци.

Како што соопшти МВР, З.Р.(40) од Скопје пријавил дека во с.Бардовци,скопско, во близина на сепарација, во канал на реката Лепенец било пронајдено човечко тело кое било делумно распаднато.

Телото било извадено и по наредба на јавен обвинител е предадено на Судска медицина за обдукција.