Човечко тело пронајдано во водите на Вардар кај Велес

Министерството за внатрешни работи информираше дека во понеделник 10.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во водите на река Вардар, под мостот кој води од Градско кон с.Уланци, било пронајдено човечко тело. 

Екипа од Територијалната противпожарна единица Велес го извадила телото, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција.