Човечки труп пронајден кај Зелениково

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 09.42 часот во СВР Скопје, Т.Г., вработен во Македонски железници, пријавил дека на еден километар по Железничката станицата Зелениково, во правец кон Велес, во близина на шините, пронашол човечки труп.

- По наредба на Јавен обвинител, телото ќе биде предадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, информираат од полицијата.