Човечки фактор причина за пожарот во Правда

Пожарот во зградата во Министерството за правда најверојатно бил предизвикан од човечки фактор. Големи се шансите пожарот за избувнал поради нечие невнимание, неизгасната цигара или решо објави БИРН.

Сѐ било во ред со струјната инсталација во зградата на Министерството за правда, кога пред десетина дена се запали четвртиот од петте ката на објектот лоциран во центарот на Скопје.

Од полицијата за БИРН велат дека е рано за конкретни информации, чекаат обвинителството да им дозволи да ги вештачат изгорените предмети, како што налагала процедурата.