Чорба од печени пиперки

Никој не може да одолее на вкусот на печените пиперки, па ова е уште еден начин како да ги подготвите и да добиете вкусна чорба. 

Состојки:

Еден праз
Помал кромид
Шест испечени црвени пиперки
Ловоров лист, ким, сол, бибер
Еден литар зеленчукова супа од коцка
Една лажичка чили
Две парчиња леб

Подготовка:

Кромидот и празот исецкајте ги и пропржете на загреано масло. Зачинете, ставете чили, па потоа и излупените пиперки, исчистени од семки и исечени на парчиња. Ставете ја супата, измешајте, оставете да се вари 20 минути. 

Извадете го ловоровиот лист, па изблендирајте со рачен блендер. Оставете да се зготви додека да згусне. 

Лебот зачинете го и испечете го во рерна, да биде крцкав. 

Во чорбата можете да ставите и малку павлака за готвење, за подлабок вкус.