Чолакова за стравот од позитивен корона тест: Ако живеете во хроничен страв имунитетот ќе ви се сруши

Бројот на новозаразени, според дневните статистики на Министерството за здравство се намалува, но висока е бројката на починати од вирусот. Најпогодени, според надлежните институции, се невакцинираните граѓани.

Претседателката на Здружението на матични лекари Лили Чолакова за ТВ24 вели дека покрај со корона периодов често се јавуваат и пациенти со сезонски грип за кои вели дека се препознаваат по симптоми на солзави, т.н. стаклени очи, воспален нос... Советува - не смее да постои страв од болеста.

-Може да се препознаат и диференцијално дијагностички да ги кажеме симптомите на грип и да ги утешиме пациентите бидејќи моментот на страв многу им влијае негативно. Само што на некого ќе му соопштите дека е корона позитивен во тој момент му е лошо, такихардии... Многу е мал бројот кои стабилно ја примаат информацијата. Поголемиот дел е веднаш паника во семејствата, изолации, бебиња, каде да се разнесат членови на семејства..Јас постојано апелирам дека тоа не треба да е така. Кога на човек му е лошо треба до него човек да му помогне.

Чолакова вели дека треба да надвладее разумот.

-Ако живеете во хроничен страв имунитетот ќе ви се сруши. Стравот не е добра компонента затоа треба соодветно да реагираме спрема ските информации кои ги имама. ПЦР тестот не треба да биде за дијагноза, вели таа.