Чоколадно задоволство: Мафини полнети со Нутела

Потребен ви е само половина час за да можете да уживате во вашиот омилен чоколаден вкус.

Нутелата е најобожаваниот крем, а посебно ако го искомбинирате со чоколадни, сочни колачиња? Со денови ќе уживате во мирисот и вкусот на овој десерт.

Состојки:

  • 220g брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 200ml млеко
  • 80g какао прав
  • 100g шеќер
  • 2 јајца
  • 2 лажици ванилин шеќер
  • 90g растопен путер
  • Рум
  • Нутела

Подготовка:

Во голема чинија помешајте го брашното, прашокот за печиво, ванилин шеќер, обичниот шеќер и какаото.

Во друг сад измешајте ги јајцата, растопениот путер и млекото. Исто така, ако сакате уникатна арома, додадете рум.

Промешајте ги смесите од двете чинии и подгответе ги калапите во кои ќе ги печете мафините. Постапката е многу едноставна.

Прво наполнете го калапот до половина, а потоа ставете лажица Нутела. Внимавајте калапите да не ги наполните повеќе од 2/3, доколку сакате да го избегнете преливањето.

Колачите печете ги 20 минути на 180 степени. Кога ќе се оладат може да ги послужите со брашно од кокос или шеќер во прав.