Чоколадни палачинки со полнење по ваша желба

Направете вкусни чоколадни палачинки и изненадете ги најблиските. Децата особено ќе уживаат во нив.

Потребни состојки:

300 мл вода

500 г брашно

50 мл масло

1-2 јајца(може и без нив)

2 лажици какао

2 лажици шеќер

Начин на подготовка:

Сите состојки измешајте ги заедно и печете ги палачинките по 1-2 минути на двете страни (по потреба додадете млеко или брашно зависно од густината). Најдобро е да користите нелеплива тава за пржење. 

За да има контраст, ви препорачуваме да ги полните со белиот дел од кремот и да додадете кокос или мелени плазма бисквити. Секако, одлични се и со домашен џем од кајсии.