Направете вкусни колачиња со обланди во вашиот дом.
СОСТОЈКИ:
8 јајца
450 гр. шеќер
280 гр. чоколадо
250 гр. маргарин
1 пакување обланди
малку печени мелени лешници
ПОДГОТОВКА:
Се матат убаво јајцата со шеќер, па се растопуваат на пареа, а потоа кога ќе се згусне кремот се става и чоколадо.
Се меша да се стопи целосно.
Кога ќе се олади се меша со маргаринот, па се филуваат обланди и се става и малку лешници.