Неверојатна комбинација на вкусови.
Состојки:
200 гр темно чоколадо
100 гр пире од костени
150 мл слатка павлака
75 гр кафеав шеќер
Какао
Подготовка:
Сите состојки, освен какаото, ставете ги во сад и стопете ги на пареа. Измешајте ја смесата и оставете ја да се излади, а потоа ставете ја во фрижидер околу четири часа.
Со помош на лажичка земајте од смесата и правете топчиња. Посипете ги со какао и чувајте ги на ладно место.