Чоколадни колачи со морска сол

Комбинацијата на слатко и солено ни е добро позната поради солениот карамел кој се користи во десертите. Но, дали знаете дека и чоколадото станува уште повкусно со малку сол во него. 

Ова е еден одличен рецепт за чоколадни колачи со сол, кои имаат и вкус на кафе и ванила.

Состојки:

100 гр темно чоколадо
120 гр путер
50 гр кафеав шеќер
50 гр обичен шеќер
Едно јајце
Малку екстракт од ванила
Една лажичка инстант кафе
150 гр брашно
20 гр мелени бадеми
Една лажичка какао
Еден прашок за пециво
Крупна морска сол

Подготовка:

Растопете го чоколадото и изматете го со миксер додавајќи шеќер и путер. Ставете го јајцето и ванилата и изматете со пониска брзина. Додајте го брашното, пецивото, мелените бадеми и кафето. Измешајте, па на хартија за печење ставајте мали топчиња, со доволно растојание меѓу нив. 

На секое колаче ставете и сол. Печете 20 минути на 180 степени.