Чоколаден колач со банани

Освен што е комбинација на два прекрасни вкуса, оваа верзија на колачот со банани е направена и од здрави состојки. 

Потребно ви е:

Три банани
80 мл кокосово масло
80 гр мед
80 гр кафеав шеќер
Две јајца
Пола лажичка екстракт од ванила
Прстофат сол
185 гр 'ржано брашно
40 гр какао во прав
Една лажичка сода бикарбона
Малку цимет
80 гр темно чоколадо

Подготовка: 

Во сад измешајте ги сувите состојки. Во друг сад изматете ги јајцата со кокосовото масло и шеќерот, ванилата, медот и испасираните банани. Соединете ги состојките, па ставете го исецканото чоколадо. 

Смесата ставете ја во намастен калап за колач и печете 35 минути, на температура од 180 степени Целзиусови. Со дрвено стапче проверувајте кога е испечен. 

Почекајте добро да се излади пред да го пробате.