Чоколаден колач од јаболка и лиснато тесто

Готовото лиснато тесто е спас за сите кои сакаат пецива, но не знаат да замесат обично тесто. 

Но, мора да признаеме дека и најголемите готвачи веќе го користат готовото, за да заштедат време на подготовка. Таков е и овој рецепт.

Состојки:

50 гр суви кајсии
50 гр суво грозје
100 гр сецкани ореви 
Три јаболка
400 гр лиснато тесто
Цимет и шеќер
Чоколадо по желба
Жолчка од јајце

Подготовка:

Сувите грозје и кајзии прелијте ги со топла вода и оставете ги 5-10 минути. Потоа исушете со крпа и исецкајте ги. Јаболката излупете ги и исецкајте ги на парчиња. Измешајте со оревите. 

Лиснатото тесто рассукајте го, ставете од смесата и завиткајте ролат. Печете го 30-40 минути на 185 степени. Кога ќе биде готов, прелијте со стопено чоколадо.