Чистиот воздух е секогаш добредојден – искористете ги деновите за одмор и уживање на Пониква

Понекогаш едвај сакаме да се тргнеме на страна од градскиот метеж, од автомобилите, од луѓето, од загадената средина. Ако овој викенд немате идеја каде да се прошетате, тогаш ние како предлог ви ја даваме Пониква.

Вистинсо место за опуштање, за одмор, за мир и за рекреација.

Пониква е  туристички центар и викенд-населба на Осоговските Планини во источна Македонија. Оддалечен е околу 20 км северно од Кочани, на надморска височина од 1.560 метри во предел со густа букова шума и разновидна вегетација.

Природните убавини, еколошки чистиот амбиент и поволната клима се одлични предуслови за големата посетеност на туристите. За да има можност за побрз развој, на туризмот на локалитетот Пониква, потребно е да се изврши подобрување и довршување на инфраструктурата, обезбедување на доволни количини вода и електрична енергија. Покрај веќе изградените спортски терени се повеќе се најавуваат иницијативи и потенцијални заинтересирани инвеститори за изградба на патеки за биатлон и нордиско трчање. Покрај Пониква на Осоговијата има и други извонредни локации за изградба на патеки за скијање со поголема должина, како што се терените под Царев Врв.