Чистела балкон, па паднала - Тешко повредена бабичка од Гостивар

Повозрасна жена од Гостивар е тешко повредена откако паднала од балкон додека чистела. Немилиот настан се случил во Гостивар, а таа  е пренесена на лекување во скопскиот клинички центар. 

- На 14.10.2026 во 13:00 часот во ОВР Гостивар, од Итна медицинска помош Гостивар е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди била донесена Г.И.(71) од Гостивар, информираа од МВР. 

Според пријавеното, таа паднала додека чистела балкон од зграда на ул.„Никола Парапунов“ и се здобила со повредите.

Поради сериозноста на повредите е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.