„Чиста и зелена општина" - одбележан Денот на пролетта и екологијата во Ѓорче

Еко акции, работилници , изработка на креативни предмети, едукативни предавања, чистење на училишните дворови беа само дел од активностите на учениците од основните училишта во Ѓорче Петров, со кои го одбележаа Денот на пролетта и екологијата.

Градоначалникот Александар Наумоски заедно со градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, директорот на ЈП Паркови и зеленило Ардијан Муча и учениците од ООУ ,,Мирче Ацев”го означија почеткот на пролетта .

Испративме порака , секој да биде одговорен за заштита на животната средина. Само со здружени сили и работење на свеста кај сите граѓани можеме да придонесеме за почиста општина и создавање вистинска еко заедница. Засадивме дрвја и цвеќиња, а здравите навики се учат од мали нозе, истакна Наумоски.

Во дворот на училиштето се оддржа и пролетен базар. Основците од ООУ Мирче Ацев изработија цвеќиња од рециклирани материјали, а Наумоски, Шилегов и Муча купија примероци од нив.

Целаат манифестација кулминираше со музичка точка на учениците од ООУ Мирче Ацев, акустика, спој на традицијата и современата музика.