Чист отров дишат скопјани во текот на ноќните часови

Чист отров дишат скопјани во текот на ноќните часови. Концентрациите на ПМ10 честички се најизразени навечер кога граѓаните спијат. Кој ги труе скопјани од властите одговор нема, а не се воведени ниту интервентни мерки. Среднодневните концентрации на штетни честички се повеќе од три пати над доволената граница во Аеродром, Гази Баба, Центар и Карпош. Мерната станица во Лисиче регистрирала најголемо загадување во периодот од 18 до 3 часот по полноќ. Дека се работи за смог во вечерните часови сведочат и фотографиите направени од високо  и од градските булевари. Еко здруженијата со реакција до властите кои наместо повеќе да инвестираат тие повторно со ребаланс го намалија буџетот за аерозагадувањето.

  Од Владата тврдат дека се преземаат сите мерки  и согласно планот тие се веќе реализирани, а затоплувањето на домаќинствата е најголем проблем и тврдат дека мерките против загадувањето не се стопирани туку напротив биле целосно реализирани. 

„Мерки поврзани со аерозагадувањето се спроведуваат постојано по планот на министерството за животна средина и на Владата. Ова е проблем кој што не може да се реши за кусо време. Тоа што е последно од проценките на министерството во однос на загаденоста на воздухот за септември се забележува многу мала отстапка во 4-5 градови над дозволениот максимум на ПМ10 честички, а за октомври ги очекувам информациите, изјави Арсовски.“

Ресорниот министер Насер Нуредини пак вели ниту инвертер климите не се решение бидејќи за нив се користи струја која доаѓа од  централата во Битола која е една од најголемите загадувачи бидејќи користи јаглен. 

Лидерот на опозицијата апелира во овие услови е потребно политиканство и повторно  бара Владата да ги ослободи од работа хронично болните и бремените жени. 

Среднодневните концентрации се надминати деновиве и  во Кичево, Тетово, Гостивар, Велес, Кавадарци и Куманово.