Чист оџак, сигурен дом - во тек е пријавувањето за субвенции за чистење оџаци

Град Скопје потсетува дека во тек е пријавувањето за субвенции за домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци.

Јавниот повик е отворен заклучно со 22.11.2018 година и се реализира по принципот „прв дојден прв услужен’’.

Повикајте оџачар во својот дом и добијте фиксна субвенција од 1000 денари од Град Скопје!