Честа е сликата низ градските раскрсници каде граѓаните им даваат пари на децата кои питачат. Социјалните работници велат дека тие се најголемата жртва поради тоа што парите веднаш им ги земаат родители, а тие повторно остануваат гладни.

Проценките се дека дневно заработуваат од 500 - 1000 денари. За ситуацијата да биде уште позагрижувачка тие често ја заработуваат и дневната доза цигари и алкохол на нивните родители. Станува збор за серија кривични дела, меѓу кои и прекршување на Законот за заштита на децата. Граѓаните револтирани велат дека државата под итно мора  да го реши овој проблем .

Бројките се поразителни, министерството за труд и социјална политика евидентира дека има околу 650 деца кои се секојдневно изложени да просат. Иако бројките  во реалноста се поголеми, се тврди дека бројката изнесува околу 1000. 

Државата кривично ги гонеше несовесните родители кои наместо да им пружат нега и образование на своите деца тие немилосрдно ги оставаат  на пеколно високи и минусни.

Се додека надлежните институции талкаат низ лавиринтите по најдоброто решение, граѓаните секојдневно се соочуваат со дилемата дали да дадат пари на овие деца или да ги послушаат надлежните институции дека тоа е само продлабочување на проблемот.