Чиa пудинг или најубавото разбудување

Утрото го дефинира денот, па затоа треба денот да го почнуваме со уживање. Доколку никогаш не сте јаделе, чиa пудинг, ова е вашиот знак дека мора да пробате. Хранлив, вкусен и исполнет со енергија, овој чиa пудинг го менува животот!

Потребни состојќи:

  • чиa семе
  • млеко
  • банана
  • мармалад пд јагоди
  • бисквити
  • сушено овошје
  • какао

Најпрво треба да испасирате половина банана, а пота да ја додадете чијата и какаото, потоа промешајте добро и додадете млеко. Кога ќе се измеша чиa семето со млекото се остава десетина минути да одмори. Потоа, се додава уште половина банана сецкана на кругови, како декорација, се рефи еден ред со искршени бисквити, па се додава сушеното овошје, на крај се става мармаладот во еден ќош од чинијата. Пред да се јаде добро е да се измеша сѐ заедно за да се постигне посакуваниот вкус и текстура.

Наздравје!