Четврток е неработен ден за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на РМ, 22 ноември 2018 година (четврток) – Денот на албанската азбука, е неработен за граѓаните припадници на албанската заедница во Република Македонија.

Истовремено, МТСП на припадниците на албанската заедница им го честита Денот на албанската азбука.