
Четири лица се приведени во Скопје по пријава дека на подрачјето на Шуто Оризари, со употреба на сила, ѝ дале марихуана на малолетничка.
- На 14 август во 22:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Л.М.(23), Е.А.(20), А.М.(19) и Н.Т.(18), постапувајќи по претходна пријава за настанот, информираа од МВР.
Откако малолетничката кажала за случувањето во семејниот дом, дошло до нарушување на јавниот ред и мир, односно физичка пресметка меѓу четворицата приведени, од една страна, и А.Ф.(42), З.Р.(38), А.Н.(23) и А.Р.(19), сите од Скопје, од друга страна.
Од СВР Скопје информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.