Четворица спортисти ќе ја претставуваат Македонија на Зимските олимписки игри Милано - Кортина 2026

Македонскиот Олимписки Тим во објава на Фејсбук сподели дека нашите претставници се подготвени за Зимските олимписки игри годинава.

„Тимот е подготвен! Ги имаме нашите претставници за Зимските олимписки игри Милано Кортина 2026! Патуваме за Италија со четири потврдени олимписки квоти и тим подготвен да даде максимум на снегот, се вели во објавата на Фејсбук.

Честа да ги носат националните олимписки обележја ја имаат:

Нордиско трчање:
Ана Цветановска – Спринт и Интервал старт 10 км
Ставре Јада – Спринт и Интервал старт 10 км

Алпско скијање:
Јана Атанасовска – Слалом и Велеслалом
Мирко Лазарески – Слалом и Велеслалом