Четворица скопјани вчера биле нападнати од бездомни кучиња

И вчера до полицијата имало пријави за напади од улични кучиња низ Скопје. 

Секојдневно до полицијата стигнуваат вакви пријави, а од кучињата скитници во главниот град никој не е поштеден

- На 10.01.2025 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, М.Б.(61) од Скопје пријавил дека на ул.„Марко Орешковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

- На 10.01.2025 во 13.00 часот во Полициската станица Гази Баба, С.А.(56) од Скопје пријавил дека на ул.„Перо Наков“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

- На 10.01.2025 во 17.05 часот во Полициската станица Гази Баба, Ѓ.Д.(48) од Скопје пријавил дека на ул.„16-та Македонска бригада“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

- На 10.01.2025 во 17.40 часот во Полициската станица Аеродром, Н.М.(28) од Скопје пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.