Четворица повредени во 5 сообраќајки во Скопје

Четири лица се полесно повредени во три од вкупно пет сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје.

Во две е причинета материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени се поголем број прекршоци. Од нивна страна издадени се 11 прекршочни платни налози и 103 мандатни платни налози за сторени прекршоци од областа на сообраќајот.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се вкупно 74 возила.