Четворица повредни лица откако вчера во 23:40 часот било пријавено дека „пежо“ со прилепски таблички се забило во оградата на касарната „Мирче Ацев.
Возилото го управувал 20-годишниот А.Г кој се здобил со телесни повреди, а покрај него со повреди се здобиле и тројцата негови сопатници. Повредите на сите лица биле констатирани во болницата во Прилеп.
„Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп“ велат од МВР.