Четирисет и седум возачи во Скопје возеле со брзина поголема од дозволената

Четириесет и седум возачи се санционирани од полицијата во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје бидејќи возеле со брзина поголема од дозволената.

Во изминатото деноноќие се случиле вкупно 13 сообраќајки од кои во шест полесно биле повредени осум лица.

Од сообраќај се исклучени и 12 возачи од кои тројца возеле под дејство на алкохол, девет пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и девет возачи почетници.

Исклучени од сообраќај се и 10 нерегистрирани возила, две неисправни возила, едно возило со претовар и 102 автомобили кои биле непрописно паркирани. Со специјалното возило „пајак“ подигнати се 75 воизила.

На црвено светло на крстосница поминале четворица возачи, двајца не дале првенство на минување на пешаци, двајца се престориле неправилно, а четворица не користеле заштитен шлем со мотор, мопед и мотоцикл.

Пет пешаци поминале крстосница на црвено светло, а двајца пешаци поминале улица подалеку од пешачки премин.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „25 Мај “ објект Пони во општина Гази Баба.