На улица „Белградска” во Скопје, Ј.И. (38) од Скопје, управувајќи со возило „сузуки витара” со кумановски регистарски ознаки, вчера удрил во четиригодишно дете пешак.
Детето добило телесни повреди и било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.