
4-годишно дете од Тетово е повредено откако се судрило со електичен тротинет на тротоар во Тетово. Детето управувало детски тротинет.
- На 25.06.2026 во 20:15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на тротоар на булеварот „Маршал Тито“ се судриле електричен тротинет кој го управувал 14-годишник од Тетово и детски тротинет, кој го управувал четиригодишник во придружба на негов родител. Притоа, четиригодишното дете се здобило со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово, информираа од тетовската полиција.
Известен е јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Тетово.