Четириесетгодишна скопјанка е третиот донор на срце во земјава

Министерот за здравство Венко Филипче утрово информираше дека во тек е трансплантација на срце, трета во земјава во рок од една година.

Донорот е жена од Скопје на возраст од 40 години. Таа добила спонтано крварење во мозокот и случајот бил иноперабилен. Ќе бидат трансплантирани и нејзините бубрези.