Четири здравствени придобивки од редовното пиење вода со сода бикарбона

Сода бикарбоната е една од најчесто занемарените состојки во кујната.

Таа има одлична моќ да го подобри нашето здравје во одредени аспекти, но мора да се консумира соодветно о умерено. Според познатиот нутриционист Брит Брендон, постојат многу бенефити од редовното пиење вода со сода бикарбона.

Ова се четири од нив.

Подобрување на дигестивниот систем

Проблемите со варењето навистина можат да ни го упропастат денот. Доколку сакаме да го смениме тоа, Брендон препорачува да раствориме една кафена лажичка сода бикарбона во 250 мл вода и да го консумираме овој раствор наутро на почетокот на денот. Според него, тоа го одржува рН балансот во нашето тело преку денот и ни овозможува лесно функционирање во текот на денот.

Подобрување на кардиоваскуларното здравје

Нарушениот кардиоваскуларен систем може да предизвика намалена енергија, лошо расположение, варење, па и лош имунитет. Затоа, овој нутриционист препорачува да испиеме чаша вода со една лажичка сода.

Намалување на подуеноста

Оние кои се справуваат со овој проблем, знаат дека воопшто не е пријатен. Но, Брендон предлага да се консумира 100 мл млака вода со 1 мала лажичка сода и тоа да се прави редовно, барем една недела, пред да се забележат првите резултати.

Зачувување на здравјето на бубрезите

Бубрезите се витални за телесните функции особено поради тоа што тие ни помагаат да се ослободиме од наталожените токсини и помагаат во лачењето на здравите хормони. Во едно истражување во кое биле вклучени 134 учесници од Лонската кралска болница, а кои редовно пиеле вода со сода бикарбона, било покажано дека ваквата редовна навика во голема мера го чува здравјето на бубрезите.