Четири запалени автомобили вчера во Скопје

Вчера во 18,10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, пријавено е дека на улицата „Елисије Поповски“ имало опожарени четири возила: „Пежо 308“, „Сеат Ибица“, „Форд“ и „Опел Астра“ сите со скопски регистерски таблици, а било зафатено и едно дрво. Возилата биле делумно надворешно опожарени. Се работи на целосно расчистување на случајот.