
Во рамки на градежните активности во УЗ Бардовци, Општина Карпош ја заврши фазата на поставување ново, современо и енергетски ефикасно улично осветлување.
Од Општина Карпош посочија дека на улиците „5“, „6“ и „7“ поставени се 38 нови светилки со моќност од 35 вати. На улицата „1687“ поставени се дополнителни 11 нови светилки, исто така со моќност од 35 вати.
„Новото осветлување ќе обезбеди: подобра видливост на јавните површини, поголема безбедност за граѓаните и поефикасна потрошувачка на електрична енергија. Општина Карпош продолжува со реализација на инфраструктурни проекти и инвестиции, со цел модернизација на комуналната инфраструктура и создавање подобри услови за живот во сите населени места“, порачаа оттаму.