Четири убиства и два обида за убиство - Се бара доживотен затвор за кумановецот Трајче

На судењето во кумановскиот Основен суд јавниот обвинител Љубомир Лапе побара доживотен затвор за 25-годишниот Трајче Бојковски, обвинет за четири убиства и два обида за убиство.

Обвинителот Лапе во завршниот збор навел дека кривичните дела биле извршени „заради задоволување на половите нагони врз мртви тела, односно некрофилија“ и дека кај него биле забележани отсуство на емпатија, вина и страв, а при извршувањето на делата бил пресметлив и се обидувал да манипулира.

Од обвинителството оцениле дека кај обвинетиот не постои можност за ресоцијализација и дека постои висок степен на опасност од повторување на кривичните дела.

Пресудата треба да биде изречена на следното рочиште во Основниот суд во Куманово.