Четири спогодби-промените кои ни се потребни ако не сме задоволни со својот живот

Дон Мигел Руис е автор на книгата „ Четири спогодби”.

Неговите зборови изобилуваат со мудрост од учењата на Исус и Буда, но и стариот индијански народ, Толтеците. Оваа книга е практичен водич кон личната спогодба, а секој од нас може во своето живеење да ги примени четирите спогодби. 

1. Беспрекорно користете го својот збор – Зборувајте почитувајќи го својот интегритет и кажувајќи го она што навистина го мислите. Не озборувајте и користете ја моќта на зборовите во правец на вистината и љубовта.

2. Ништо не сфаќајте лично – Ништо што прават другите не е поради вас. Кога сте имуни на мислењето и постапките на другите, не може да станете жртва на непотребно страдање и измачување.

3. Не правете претпоставки – Имајте храброст да поставувате прашања и да кажете што сакате навистина. Комуницирајте со другите што е можно појасно, за да ги избегнете недоразбирањата, болката и драмите.

4. Секогаш направете сè што можете – Во која и да било ситуација направете сè што можете и ќе нема потреба да се осудувате и измачувате себеси, исполнувајќи се со негативни чувства и каење.