Четири скопски општини утре ќе бидат без струја

Утре без струја ќе бидат жителите на делови од општините Кисела Вода, Аеродром, Карпош и Студеничани. Во најавата добиена од   ЕВН Македонија АД, не е наведена причината за прекинот на електричната енергија.

Во известувањето од ЕВН Македонија АД се наведува дека утре, 27.07.2022 година, без електрична енергија ќе бидат следните корисници:

  • Во период од 07,30 до 15,30ч дел од улиците Иван Хаџи Николов 3 и Иван Хаџи Николов 5, дел од улиците Герника 10, Герника 3, Герника 5, Герника 7 и Герника 8(Кисела Вода)
  • Во период од 07,30 до 15,30ч дел од ул. Блажо Орландиќ (парни од 8 до 16) (Aеродром)
  • Во период од 09,00 до 14,00ч село Крушопек(Карпош)
  • Во период од 09,00 до 14,00ч с. Пагаруша(Студеничани)