Четири пати eчеше македонската химна во Шпанија: Мери Акиевска освои се што може да се освои

На Светското првенство во Санта Сузана – Шпанија, од 03 до 08 ноември, Мери Акиевска од Магнус центарот за фитнес и боречки спортови ги освои стана светски јуниорски велнес шампион и апсолутен шампион во јуниори и светски сениорски велнес шампион и апсолутен шампион во сениори.

Како што пренесува специјализираниот портал ipon.mk таа едноставно освои се што можеше да се освои. 

Чувството неможе да се опише 4 пати ечеше химната на Македонија 4 пати капеа солзи од среќа Македонија го освои Светското злато јуниорска, сениорска Категорија со две апсолутни во двете категории, напиша Мери на фејсбук.

Луѓенца пресреќна сум, Ви благодарам на целосната подршка и што бевте покрај мене. Сега можам да одморам и да си каснам и јас малку вкусна храна годинава ја завршивме со многу златни титули благодарност на мојот Тренер. @gjoroski најпривин покрај него бев најдобар ученик и шампион, додава таа на фејсбук.