Четири нови македонски стрип изданија

Во издание на Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес се отпечатени книги во тврд повез наменети за македонскиот пазар, но и на пазарот на соседни држави.

Издадени се „Итар Пејо 2 книга“ од Диме Иванов Димано, „Цар Гаврило Радомир“ од Миле Топуз, детскиот стрип „Убавите нешта“ од Раде Дичоски, како и „Зад црното сонце“ на српскиот автор Срѓан Николиќ-Пека. Тоа се изданија на Стрип-центарот на Македонија со седиште во Велес и се дел од нивната годинашна продукција.

- Не ни е воопшто тешко да издадеме стрип дела уште во почеток на оваа година, веднаш после објавувањет на годишната програма на Министерството з а култура .Издадовме стрип-книги со вклучено и нови, потенцијални кои сакаме да ги привлечеме. Издадовме историска приказна, детска приказна, трилер и стрип со тема од македонската традиција. Лани издадовме стрип-книга на албански-прв пат во Македонија,Годинава продолжувамесо издавање на стрип книга на српски ,во случајов на Срѓан Николиќ Пека ,голем пријател на македонската стрип сцена и победник на последниот интернационален стрип натпревар во склоп на интернационалниот стрип салон во Велес -  изјави Ване Трајков, извршен директор на Стрип центарот на Македонија.

Дизајнот е на штипјанецот Александар Стеванов, кој ги изработи на високо професионално и естетско ниво.

Овие четири стрип-книги можат да се набават кај издавачот и во стрип-книжарницата „Бункер“ во Скопје.