Четири начини со кои вашите очи ви кажуваат дека нешто не е во ред со вашето здравје

Очите се прозорец на душата без сомнение. Но исто така можат да ве предупредат за здраствените проблеми за кои можеби не сте свесни. Проверете ги следните индикации и дознајте важни информации за вашето тело.

Крвави очи
Крвавите очи најчесто се причина за загриженост. Но, експертите кажуваат дека доколку со нив не чувствувате болка или немате замаглен вид, најверојатно не треба да се грижите. Сонцето, прашината, настинките, алергиите и сувиот воздух може да предизвикаат пукање на очните капилари. Понекогаш самата кашлица може да предизвика пукање на капиларите, кои се појавуваат како црвени дамки во очите.

Замор
Чувствувате замор по прочитани неколку страници книга? Имате темни кругови под очите? Тапиот поглед и подуените очи можат да бидат знак за уморот на очните мускули и лоша циркулација. Потребни се адекватни количини на одмор и правилна исхрана која ќе ви ги обезбеди потребните хранливи материи, како на пример витамин А, кој може да ви ги регенерира очите.

Жолтило
Повеќето од нас знаат дека пожолтувањето на белката може да значи проблем со јетрата. Но, дали знаевте дека жолтеникавите очни капаци можат да бидат знак на висок холестерол? Добро погледнете ги очните капаци, ако приметите жолти дамки, закажете си преглед кај лекарот, да ви го провери нивото на холестерол и здравјето на вашето срце.

Испакнати очи
Освен ако испакнатите очи не се карактеристични во вашето семејство со генерации, тоа може да значи проблеми со прекумерената активност на тироидната жлезда предизвикувајќи ткивото да отече. Ако, во прилог на ова чувствувате замор и губење на тежината тогаш не го занемарувајте овој симптом