Четири момчиња, меѓу кои 2 малолетни, уапсени во Скопје

Четири момчиња, од кои две малолетни, биле уапсени вчера откако во нивниот автомобил било пронајдено оружје.

-Вчера во 21:00 часот од полициски службеници од СВР Скопје на ул. „Втора македонска бригада“, при извршен преглед на патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(23), во кое биле сопатници Ш.З.(18) и уште две лица на возраст од 16 и 17 години, сите од Скопје, бил пронајден пиштол „Екол алп“, калибар 9мм ПАК, со празна рамка и два ножа. Тие се приведени и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок - информира МВР.