Четири малолетници нападнати со стаклени предмети во Драчево

Синоќа на подрачјето на Драчево се случила физичка пресметка меѓу осум лица.

- На 28.01.2023 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Драчево, четири малолетници биле физички нападнати од А.Б., А.Л., С.Л. и уште едно лице, кои употребиле и стаклени предмети, информира МВР.

Се работи на расчистување на случајот.