
Тепачка на паркинг простор ноќеска во Чаир, по претходно недоразбирање во сообраќајот.
Како што се наведува во полицискиот билтен, ноќеска во 00:50 часот во Скопје, на паркинг простор на подрачјето на Чаир, по претходно недоразбирање во сообраќајот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 16-годишник од село Чучер Сандево, скопско и Љ.Б.(37) од село Бразда, скопско, од една страна и Д.Е.(52) и С.Ј.(45), двајцата од село Арачиново, од друга страна.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.