Четири лица се повредени во текот на вчерашниот ден во Скопје

Четири лица биле полесно повредени во три од вкупно 13 сообраќајки во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во 10 сообраќајки била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Шест возачи поминале на крстосница на црвено светло, двајца возачи за неправилно престројување и тројца возачи кои не поседувале пропишана зимска опрема во возилата.

Од сообраќај биле исклучени тројца возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, како и две технички неисправни возила и четири нерегистрирани возила. Затекнати биле 78 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 49 возила.