Четири лица повредени во сообраќајка во тетовско

Три лица се повредени во сообраќајка во тетовско. 

На 24.07.2022 во 17.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово-Јажинце, во тетовско Глоѓи, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од С.О.(50) од тетовско Орашје и патничко возило „шевролет“, управувано од Ф.А.(33) од тетовско Шемшево, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.А(62) од С.Шемшево, сопатник во возилото „шевролет“, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште еден сопатник од возилото „шевролет“ С.А.(43), констатирани во Клиничка болница Тетово, соопшти полицијата. 

По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово.